Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе заедно со Серена Вилијамс во нов спот

Бијонсе заедно со Серена Вилијамс во нов спот

Популарната американска пејачка Бијонсе објави нов спот за песната „Sorry“. Нумерата која сега доби и атрактивен спот се наоѓа на албумот „Lemonade“, кој таа неодамна го објави. Големо внимание во јавноста привлече тоа што во спотот, покрај Бијонсе, се најде и најдобрата тенисерка Серена Вилијамс.

„Lemonade“ е шести студиски албум на популарната пејачка, а на него со Бијонсе соработуваа The Weeknd, Џек Вајт, Џејмс Блејк и Кендрик Ламар.