Saturday, May 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе може да влезе во историјата на „МTV“

Бијонсе може да влезе во историјата на „МTV“

Популарната американска пејачка Бијонсе моментално води по бројот на номинации за „МTV Video Music“ наградите, кои ќе бидат доделени на 28 август на Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Поп пејачката со својот нов албум „Lemonade“ има 11 номинации, а на второто место се наоѓа Адел со осум номинации, од кои седум за хитот „Hello“, кој со 1.6 милијарда прегледи се наоѓа на петата позиција на најгледани спотови на „Youtube“.

Bijonse-f1

„Hello“ е во конкуренција за видео на годината, исто како и спотот на Бијонсе за песната „Formation“, кој е поврзан со движењето „Black Lives Matter“. „Formation“ е првата песна од албумот „Lemonade“, објавен во април како дополнување на филмот кој го сними за мрежата „HBO“.

Доколку Бијонсе успее да ги освои сите 11 награди, ќе влезе во историјата на „МTV“, бидејќи Питер Габриел го држи рекордот со 10 освоени награди кои ги доби во далечната 1987 година. За видео на годината номинирани се и „Famous“ на американскиот рапер Кание Вест, потоа „Hotline Bling“ од раперот Дрејк и „Sorry“ од Џастин Бибер.

Четири номинации, иако не во главните категории, има и видеото за песната „Lazarus“ од Дејвид Боуви, кое го објави три дена пред неговата смрт.