Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе на нивото на Арета Френклин!

Бијонсе на нивото на Арета Френклин!

Џек Вајт е еден од малубројните кој со Бијонсе работеше на нејзиниот албум „Lemonade“. Тој вели дека за него станува збор за пејачка од калибарот на легендарната Арета Френклин. Бијонсе со Џек Вајт ја сними песната „Don’t Hurt Yourself“ за нејзиниот албум „Lemonade“, а популарниот рокер има само пофални зборови за неа.

Поточно, зборува само во суперлативи, споредувајќи ја со легендарната Арета Френклин. „Знаете, разговарав со неа и само ми кажа дека сака да биде со мене во бенд“, се сеќава Вајт во интервју за радиото „NPR“.

bijonse-i-dzek-vajt-1

„И возвратив дека би сакал да направиме нешто заедно. Од секогаш го обожавав нејзиниот глас, мислам дека го има оној соул глас кој го имаа Бети Дејвис и Арета Френклин“, вели музичарот.