Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаБијонсе ја освои главната „MTV“ видео музичка награда

Бијонсе ја освои главната „MTV“ видео музичка награда

Американската пејачка Бијонсе ја победи конкуренцијата на церемонијата на доделувањето на „MTV“ видео музички награди, освојувајќи осум, меѓу кои и главната награда- за видео-клип на годината со песната „Formation“ од последниот албум. Бијонсе, која беше фаворит со 11 номинации, настапи на почетокот на церемонијата во недела навечер во Медисон сквер Гарден во Њујорк, на која изведе дури пет песни од новиот албум „Lemonade“, посветувајќи и ги на жртвите од поплавите во американската сојузна држава Луизијана.

34-Годишната пејачка позната како Queen B, ги изведе песните „Pray You Catch Me“ и „Hold Up“, која ја доби наградата за најдобар видео-клип од женско изведувач, а настапот го заврши со победничката песна „Formation“.

rijana

Наградата за најдобсар машки видео-клип го освои Калвин Харис со песната „This is What You Came For“ на кое се појавува пејачката Ријана. Ријана беше втора ѕвезда на вечерта со освојување на наградата Вангард. Таа настапуваше после Бијонсе и ги изведе своите најпознати хитови меѓу кои и „Work“.

Paf-Dedi

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви, кој почина на 9 јануари годинава, беше постхумно номиниран во четири категории, а ја освои наградата за уметничка режија на видео-клипот за песната „Black Star“ од истоимениот и последен албум. Британската пејачка Адел, која беше номинирана во осум категории, не учествуваше на церемонијата за доделување на наградите.

Kim-Kardasijan-i-Kanje-Vest