Tuesday, Sep 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаБидете внимателни, нѐ очекува најтоплата недела

Бидете внимателни, нѐ очекува најтоплата недела

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност, проследено слаб ветер со променлив правец. Утринската температура ќе се движи во интервалот од 14 до 23,а највисоката дневна од 34 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе изнесува околу 18, а дневната ќе достигне до 38 степени.

До петок нѐ очекува стабилно, суво и многу топло време, температурите на повеќе места во целата република ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени. Утре прогнозираните дневни температури  во источните делови од земјава, влегуваат во жолта фаза на предупредување од високи температури од метео алармот кој е воспоставен од УХМР.