Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаВетеранот Вејд по 13 години го напушти Мајами

Ветеранот Вејд по 13 години го напушти Мајами

Двејн Вејд по 13 години на верност кон Мајами кој беше негов единствен клуб во кариерата реши да ја смени средината како слободен агент и да не го продолжи договорот.

Затоа ја одбра екипата на Чикаго Булс и како еден од наследниците на Мајкл Џордан со талентот и освоените титули ќе го носи црвениот дрес. Претходно Леброн Џејмс изрази желба да го види екс соиграчот во актуелниот шампион Кливленд, но тоа не се оствари.

Нови соиграчи на Вејд се Рондо кој доаѓа на местото на Дерик Роуз и центарот Робин Лопез кој ќе го менува По Гасол.