Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБЕСА нема да го поддржи Талат Џафери за претседател на Собранието

БЕСА нема да го поддржи Талат Џафери за претседател на Собранието

Калкулациите кој ќе биде предложен за кандидат за прв човек на Собранието на РМ, продолжуваат. Талат Џафери кандидат на ДУИ нема да биде поддржан од Движењето Беса. Тоа одлучи да исфрли свој кандидат. Портаролот Орхан Муртезани не ги откри имињата за ТВ21. Според неофицијални извори на кои се повикува телевизијата во игра се Африм Гаши или Фадил Зендели.

Кандидатот на ДУИ, беше потврден од гласоговорникот на „интегративците”, Бујар Османи, но тој не знае дали ја имаат поддршката од партиите кои собраа 67 потписи.

Изборот на спикерот на Собранието ќе биде утре. Според Уставот и Деловникот на Собранието, претседателот на Собранието се избира со мнозинство или со 61 глас од пратениците.