Sunday, May 5, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБерлускони и официјално го продаде Милан, клубот стана кинески

Берлускони и официјално го продаде Милан, клубот стана кинески

Италијанскиот фудбалски гигант, Милан конечно ќе добие нов сопственик со што може да почне процесот на будење на заспаниот џин од „Сан Сиро“. Клубот веќе повеќе од половина деценија не е сериозен натпреварувач во европскиот фудбал, последната титула во Серија А ја освои во сезоната 2010/11.

По долги преговори со неколку страни, Силвио Берлускони екипата од Сан Сиро ја продаде на кинеските конгломерати. По големите шпекулации во претходните месеци за Росонерите да завршат во рацете на кинеските богаташи, тоа на крајот и се случи.

Имено постигнат е прелиминарен договор со Данило Пелегрино извршен директор на Финивест и Хан Ли претставник на кинеска група на инвеститори.  Тие ќе земат 99,93 проценти од клубот за што ќе мора да платат 740 милиони евра, а новиот сопственик ќе мора и да ги намири долговите од 220 милиони евра и да инвестира уште 350 милиони евра во клубот во следните три години со цел зајакнување на финансиската структура и доведување на засилувања.

Берлускони беше сопственик на италијанскиот гигант речиси 30 години, при што тоа беше еден од најуспешните периоди во историјата на клубот, но во последните години финансирањето се намали и „Милан“ влезе во многу тежок период.