Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБерлускони хоспитализиран поради проблеми со срцето

Берлускони хоспитализиран поради проблеми со срцето

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој ја предводи партијата Форца Италија, бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, соопштија од неговата партија.
Според портпаролот на Форца Италија, 79-годишниот Берлускони во моментов се наоѓа надвор од животна опасност.
Ова не е првпат милијардерот и контроверзен италијански политичар да биде хоспитализиран поради срцеви проблеми. Ланскиот декември тој беше примен во миланската болница „Сан Рафаеле“, каде му беше извршена планираната операција за забена на батериите во пејсмејкерот.