Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБејли: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е критична

Бејли: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е критична

Амбасадорот на САД, Џес Бејли денеска не сакаше да коментира кои би биле следните чекори на меѓународната заедница, откако претседателот Ѓорге Иванов вчера по средбата со претседателот на Европскиот совет истакна дека останува на истиот став да не го додели мандатот за формирање влада.

– Нема да шпекулирам околу нови потези. Вашите институции, лидерите и народот треба да дојдат до решение во согласност со Договорот од Пржино. Ние го олеснувавме тој процес на дијалог но на крајот вашите институции треба да го решат – рече Бејли, истакнувајќи дека меѓународната заедница се уште чека да ги имплементираат сите точки од Договорот од Пржино.

Тој оцени дека е неспоиво со демократските принципи и владеењето на правото да не се дозволува продолжување на процесот на формирање влада.

– Сега лидерите и граѓаните на Македонија се тие кои треба да го турнат процесот бидејќи е критична македонската евроинтеграција во НАТО и во ЕУ.САД и натаму го поддржуваат тој процес , т.е. брзото формирање на влада – порача Бејли и истакна дека земјите до регионот треба да се воздржат од мешање во внатрешните работи на Македонија.
.