Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБегалци добредојдовте во Македонија – Акција на хуманитарци

Бегалци добредојдовте во Македонија – Акција на хуманитарци

Повеќе хуманитарни организациии им посакаа добредојде на бегалците од воените жаришта на Блискиот исток и повикаа на собирање на добротворни средства како храна и облека. Илјадници мигранти досега транзитираа преку Македонија во надеж дека ќе стигнат до европските земји каде ќе бараат азил или статус на бегалци.

begalci akcija2

Од левичарското движење „Солидарност“ порачаа дека луѓето треба слободно да се движат преку границите, да не бидат спречувани од властите и се заложија против најавите за изградба на ограда на границата. На овој начин тие се придружија на европската иницијатива за подршка на бегалците.