Tuesday, May 7, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБартон дефинитивно заминува во пензија, 18 месеци суспендиран поради обложување

Бартон дефинитивно заминува во пензија, 18 месеци суспендиран поради обложување

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му изрече на Џои Бартон казна од 18 месеци откако призна дека обвиненијата за обложување се вистински.

Покрај тоа Бартон доби и парична казна од 30.000 фунти , откако беше обвинет за кршење на правилата на ФА за обложување на 1.260 натпревари во периодот од 26 март 2006 до 13 мај 2016 година.

Бартон планира да поднесе жалба на должината на суспензијата.

“Оваа одлука ме турка да се пензионирам. Прифаќам дека сум ги прекршил правилата на раководството на професионални играчи, но јас чувствувам дека казната е потежка отколку што треба да биде, особено кога ќе се погледнат случаевите на други контроверзни играчи. Јас се бореше со зависноста од коцкање и ФА беше запозната со медицинскиот извештај во врска со мојот проблем. Разочаран сум што ова не е земено во предвид во казната”, рече Бартон, за британските медиуми.