Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАРМ ќе биде домаќин на Националната гарда на САД

АРМ ќе биде домаќин на Националната гарда на САД

Висока воена делегација на националната гарда на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот генерал-мајор Стивен Креј, денеска пристигнува во Македонија и ќе биде пречекана од АРМ. За време на тридневната посета генералот Креј ќе биде пречекан од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, а планирано е да се оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски. Исто така предвидена е и посета на Здружената оперативна команда на АРМ и средба со Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.

Целта на посетата на Националната гарда на Вермонт е да се продлабочи соработката со АРМ во делот на странските мисии на НАТО и ООН, како и сојузничкото присуство во Авганистан, да се разменат искуства и да се направат планови за можна заедничка обука. Националната гарда на Вермонт е директниот партнер на АРМ преку кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии.