Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација одреди притвор за Грујовски, Јакимовски и Бошковски

Апелација одреди притвор за Грујовски, Јакимовски и Бошковски

Апелациониот суд објави дека по одржаните седници на 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „ТАРГЕТ“ и „ТВРДИНА“, пишува „Макфакс“.

За тројца обвинети, меѓу кои Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ја уважи жалбата на СЈО, ги преиначи првостепените решенија и ги уважи жалбите на Обвинителството, а заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани.

Сашо Мијалков, првообвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, истраги кои по обвинителниот акт се споија во едно обвинение, останува само без својот пасош. За него СЈО бараше притвор, но притвор добија само вработените во МВР кои се обвинети за негови соработници.