Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација на јавна едница ќе ги разгледува жалбите на Пешевски и Георгиевски за одземените пасоши

Апелација на јавна едница ќе ги разгледува жалбите на Пешевски и Георгиевски за одземените пасоши

Апелациониот суд денеска на јавни седници ќе ги разгледува жалбите на одбраната на поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски и на поранешниот директор на агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, обвинети во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“.

Двете јавни седници се на барање на одбраната. Во Судот пристигна Георгиевски со својот адвокат Стеван Павлески.

За неговата жалба ќе одлучува Кривичниот совет во состав: Лилјана Ивановска Шопова како судија известител, Јани Нича и Африм Фидани

Одбраната се жали на одлуките на Кривичниот суд за мерките за претпазливост, односно за одземање на пасошите.

Од друга страна, СЈО поднесе жалба до Апелација за неизрекување мерка притвор за Пешевски.

Во предметот „Траекторија“ осомничени се четворица поранешни припадници во Владата кои во 2012 и 2013 година презеле дејствија за изградба на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, а со своите постапки на Буџетот на Македонија му нанеле штета од 155 милиони евра, непочитувајќи го Законот за јавни набавки и постапувајќи според правила на кинеската фирма и банка која ги дала парите за изградба на овие патишта.