Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаАнтиќ ја тужи њујоршката полиција и бара отштета од 25 милиони долари

Антиќ ја тужи њујоршката полиција и бара отштета од 25 милиони долари

Првиот македонски НБА ас Перо Антиќ, ја тужи полицијата на Њујорк, а тоа ќе го стори и Сефолоша. Антиќ ја тужи полицијата на Њујорк за погрешно апсење и држење во притвор, додека настапуваше во редовите на Атланта „Хоукс“.

Антиќ ја тужи полицијата на Њујорк и за насилно апсење и кршење на човековите права, со што може да биде побогат за 25 милиони долари.

„Полицијата на Њујорк призна дека погрешно го уапсила Перо Антиќ и треба да биде одговорна“, вели адвокатот на македонскиот НБА ас. Антиќ, кој настапуваше за Црвена Ѕвезда и за Олимпијакос, а во моментов за Фенербахче, беше уапсен заедно со Тибо Сефолоша претходната година во Њујорк.