Thursday, Jun 29, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилм,,Анимакс Скопје фест" отвори јавен повик за аплицирање

,,Анимакс Скопје фест" отвори јавен повик за аплицирање

,,Анимакс Скопје фест” го најавува своето петто јубилејно  издание, веќе е објавен отворениот повик за аплицирање.

Право да се пријават  имаат сите филмови изработени во било која техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2014 година кои претходно да не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути)

и анимирани филмови за деца.

Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2015 година. Новитет годинава, е повикот за долгометражни анимирани филмови, со што ова јубилејно издание станува поинакво од останатите во кои се практикуваше само кратка филмска форма.

Овој меѓународен фестивал на анимиран филм ќе се одржи од 5ти до 8ми ноември 2015 година