Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАндонов: МВР призна дека се прислушува раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Андонов: МВР призна дека се прислушува раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи ги потврди наводите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека МВР прислушува над 100 луѓе од врвот на партијата, изјави денеска Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Андонов, дека одговорот од МВР дека работат согласно законите и со наредба од судот преку Јавното обвинителство, е директно признание дека се прислушува раководството на опозициската партија.

– Ова е скандал и атак врз демократијата, плурализмот и слободната мисла“, рече Андонов, додавајќи дека СДСМ врши политички прогон на сите неистомисленици и политички противници.

Андонов тврди дека владејачката партија го претворила МВР во алатка за пресметка со демократските сили во државата.

– Бараме веднаш да се направи стручна експертиза, во која ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти и кои ќе ја утврдат состојбата со следењето на комуникациите од страна на МВР. Кога СДС се дрзнува да го прислушува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сигурни сме дека секојдневно се прават злоупотреби од секаков вид – рече Андонов.