Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦАнализа: Што е потребно од Xperia Z5 и Z5 Ultra за Sony да не пропадне

Анализа: Што е потребно од Xperia Z5 и Z5 Ultra за Sony да не пропадне

Xperia Z5 и Z5 Ultra ќе бидат последната шанса на Sony Mobile за воодушевување на корисниците и добивање на мал дел од битката со Samsung и LG. Досегашните информации не се најверодостојни, некои велат дека Xperia Z5 и Z5 Ultra ќе бидат најмоќните смартфони досега, други пак дека не треба да очекуваме премногу, но едно е сигурно, од нивниот успех ќе зависи иднината на брендот и подготвеноста за инвестиции во нови телефони.
xperia-z4vs-galaxy-s6Според логиката на прогрес Xperia Z5 и Z5 Ultra мора да понудат Quad HD дисплеи и Sony повеќе не може да се правда дека нивните дисплеи се совршени, едноставно корисниците го сакаат најдоброто кога плаќаат многу пари и тука не смее да има компромиси.

Вториот клучен момент кај Xperia Z5 и Z5 Ultra ќе биде дизајнот, па доколку го видиме истиот телефон само во нова верзија како и во последните три години ветувам дека јас ќе бидам првиот кој ќе се откаже од Sony се додека не се фокусираат за промена на естетика, а тоа е тешко да се
xperia-z3-compact-greenТретиот сегмент без кој Xperia Z5 и Z5 Ultra немаат никаква шанса пред Galaxy Note 5, Galaxy S6 Edge Plus и iPhone 6s е иновативноста и промоцијата на нешто ексклузивно интересно за корисниците. Не е потребен само моќен сетап на процесор, RAM и камера, ни треба нешто забавно, корисни и инветивно и во софтверот, па дури и некој блескав додаток(водоотпорниот дизајн веќе никој не го пали). Затоа на Xperia Z5 и Z5 Ultra ова им е последната шанса пред
целосно да бидат потценети од фановите и корисниците.

Автор: Христијан Станоевиќ