Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМеланија се обидува да ги копира постапките на Трамп – заклучуваат графолозите според нејзиниот потпис

Меланија се обидува да ги копира постапките на Трамп – заклучуваат графолозите според нејзиниот потпис

Со улогата и статусот на Меланија Трамп се повеќе се занимава јавноста и се разбудуваат многу сомнежи, тоа е најновата теза на графолог

Од тоа да биде жена трофеј, злоупотребена од партнерот и тоа дека таа е само фикус на нејзиниот сопруг, до фактот дека Мелани бара развод од него, но бидејќи е во прашање угледот Доналд не сака да се откаже, иако тој ја изневерува на сите страни – секој ден нови теории за бизарниот однос на американската претседателска двојка.

Новите сомнежи ги потилкнува графологот кој го анализираа ракописот на првата дама, тврдејќи дека кај неа може да се забележи нешто многу е вознемирувачко. Графолозите се експерти кои не само што ја утврдуваат автентичноста на потписот, но, исто така, претставуваат наука за личноста и емоциите на луѓе што го оставаат својот ракопис, која исто така е индивидуална работа колку што е отпечаток од прст.

Анализа на писмото потпишано од Меланија, во која тоа им се заблагодарува на заштитниците на правата на животните и претставници на здружението ПЕТА Памела Андерсон за тоа што и дала вештачко крзно, графологот забележува дека потписот на Меланијата е неверојатно сличен со на Доналд.

Тезата на експерти за сличностите на двата потписи покажува колку Меланија се обидува да го копира нејзиниот сопруг. Прашањето што се поставува е – дали тоа го прави своеволно како имитаторка или е доведена до страшна точка од која таа не може да се препознае односно го изгубила својот идентитет? – Сличноста е извонредена, но јасно е дека потписот стилизиран, затоа Меланија го вежбала- вели аналитичарот на ракописи Шила Курц.

Аналитичарите претходно заклучија дека од Трамповите ракописи може да се прочита како тој е егоцентричен, и многу веројатно нарцисоиден човек чија што одлучност се граничи со рационалното.