Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАмбасадата на САД недвосмислено побара одложување на изборите

Амбасадата на САД недвосмислено побара одложување на изборите

Амбасадата на САД излезе со став во кој повика да се одложат изборите на 5 јуни бидејќи три од четири најголеми партии нема да учествуваат и ќе бојкотираат се додека не се спроведат потребните политички реформи, пренесува Мета.

Со учеството само на ВМРО изборите немаат голема кредибилност и може да ја влошат политичката состојба, а аболицијата на претседателот Иванов само дополнително ја комплицираше кризата и донесе ефект на неказнивост на политичарите.

Сличен став имаат повеќе амбасадори од ЕУ земјите кои се обидуваат да придонесат во решавањето на проблемите и продолжување на евроатлантските интеграции за кои државата одамна се определи.