Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Алсат-М“ обајви снимка како претепаниот Села го влечат низ Собранието

„Алсат-М“ обајви снимка како претепаниот Села го влечат низ Собранието

Телевизија Алсат-М објави видео снимка на која се гледа влечењето на претепаниот Зијадин Сила низ собраниските ходници.

Села е целиот во крв и со изгубена свест поради што насилниците мислеле дека е мртов.

Снимката завршува со гласот на некој од насилниците кој прашува „Кај е Заев? Заев ни треба“.

Во меѓувреме, телевизијата објави дека синоќа во Куманово бил уапсен Тони Трајковски, идентификуван како еден од четворица луѓе кои го претепале пратеникот Зијадин Села и потоа го влечеа низ ходниците на Собранието.

Тони Трајковски е познат како жесток симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ.