Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАлкопатрола во струмички ноќен клуб

Алкопатрола во струмички ноќен клуб

Синоќа алкопатролата на РСБС посети ноќениот клуб Платинум во Струмица. Во рамките на кампањата за подигнување на свеста за штетните последици од возењето под дејство на алкохол насловена како “Вози трезен – стигни жив”, организираше алко патрола која имаше за цел да го утврди количеството на алкохол во крвта на младите Струмичани.
alko-patrola
Оние кои при тестирањето имаа над 0.5 промили на алкохол во крвта добија симболични црвени картони со совети да не управуваат со моторни возило и притоа им беа поделени бесплатни такси ваучери за нивно безбедно стигнување дома. Лицата кои немаа конзумирано алкохол добиваа зелени картони како знак на пофалба за нивната свест за штетното влијание на алкохолот при упраувањето со моторно возило.

Настанот во Струмица е само почеток на една голема акција. Караванот ќе ги посети сите градови на Република Македонија во текот на целото лето. Целта на акцијата е лето без жртви во сообраќајот.