Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрослава за Велигден во ноќен клуб завршила со голема тепачка

Прослава за Велигден во ноќен клуб завршила со голема тепачка

Прославата за Велигден завршила крваво за неколку лица од Скопје кои се степале пред ноќен клуб утринава околу 03,45 часот. Тепачката во полиција ја пријавил З.К. дека на на бул. „Св.Климент Охридски“ пред угостителски објект има физичка пресметка помеѓу неколку лица.

Во тепачката нападнат бил В.М., при што бил удрен со шише во пределот на лицето. Тој е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.