Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија го забрани увозот на месо од Македонија

Албанија го забрани увозот на месо од Македонија

Албанското министерство за земјоделство соопшти дека го блокира увозот на месо од Македонија.

Министерството информираше дека забраната на увозот на место од Македонија и од некои други земји од регионот е поради појавата на болеста јазлеста кожа кај крупниот добиток.

Министерството и Дирекцијата за ветеринарство во Тирана, во соопштението што го пренесуваат албанските медиуми, не наведува датум до кога ќе биде забраната за увоз на месо.

Инаку, покрај забраната за увоз на месо од Македонија, забрана има и за увоз на месо од Србија, Бугарија, Грција и Турција.

Засега во Албанија, според истиот извор, нема појава на болеста јазлеста кожа.