Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАлбанија донира 100.000 евра за настраданите во Македонија

Албанија донира 100.000 евра за настраданите во Македонија

Албанската Влада одлучи да испрати 100.000 евра за санирање на последиците во настраданите подрачја во Македонија.
Веста ја соопшти министерот за финансии Дитмир Бушати, кој додаде дека продолжуваат контактите со македонските власти за добивање информации за предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи.

– Ова е првичен фонд, бидејќи македонските власти се уште немаат целосен, јасен биланс за причинетата штета и барањата. Албанија е секокаш до Македонија во секој момент, изјави Бушати.

Албанскиот државен врв веднаш по трагедијата што ја погоди Македонија, изразија длабоко сочувство и солидарност, како и целосна подготвеност да помогнат во санирањето на последиците.