Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАлбанец уапсен во Њујорк осомничен за тероризам

Албанец уапсен во Њујорк осомничен за тероризам

Албанец уапсен во својот стан во Њујорк под обвинение за тероризам, како и поддршка на радикални организации. Станува збор за Саимир Алимехмети, чија цел била да се бори на страната на терористите и собирање муниција за терористичките организации. Американанските медиуми пишуваат дека Албанецот е дел од терористичка ќелија.

Во медиумите се наведува дека во текот на неколку дена, колку што го следел, таен американски агент успеал да открие дека ова лице поседува ужасно видео на ИД, во кое се гледа како нејзините припадници сечат глави на затвореници.

Алимехмети му кажал на агентот дека ќе замине за Сирија, бидејќи „веќе бил дел од системот“, наведува Албеу. Тој уште му се доверил дека има 2.500 долари, но дека му треба пасош и сакал претходно да побегне во Сирија. Кажал и дека неговиот брат бил уапсен во Албанија во 2015 година.