Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАкција за разбивање дилерска мрежа, полицијата „тресе“ осум македонски градови

Акција за разбивање дилерска мрежа, полицијата „тресе“ осум македонски градови

Голема полициска акција за разбивање на нарко дилери полицијата реализира во повеќе градови низ државата и со наредба на суд, се вршат претреси на 20 локации. Според првичните информации, запленети се скапи автомобили и мотори, дрога и пари, кои дилерите ги добиле со препродажба на наркотици. Претреси се вршат во Скопје, Велес, Свети Николе, Кочани, Гевгелија, Струга, Кавадарци, и Штип. Полицијата ја потврди информацијата и најави нови детали за акцијата за во текот на денот.