Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети решение гледа во Собранието, но кризата да не добие меѓуетнички карактер

Ахмети решение гледа во Собранието, но кризата да не добие меѓуетнички карактер

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец испрати две главни пораки, едната дека ќе продолжат активностите во Собранието на Република Македонија каде ќе се бара излез од политичката криза, а втората дека не смее да дојде до кревање на меѓуетнички тензии.

Ахмети го запознал словенечкиот амбасадор дека ДУИ има разговарано со главните парламентарни партии за иницирање на парламентарната координација со цел да продолжи и да заврши конститутивната седница на Собранието, велат од ДУИ.

Новоизбраниот претседател на Собранието по завршувањето на таа седница треба да ја информира институцијата претседател на државата за новото парламентарно мнозинство и да побара споделување на мандатот за формирање на влада, додаваат од ДУИ.

Ахмети го повторил ставот дека политичката и институционалната криза не треба да се претвори во етничка криза и ги повика сите страни да не придонесуваат во овој поглед, потенцираат од партијата.