Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: Нема никакви пречки за доделување на мандатот

Ахмети: Нема никакви пречки за доделување на мандатот

Новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, одржана во партиското седиште.

„Нема никакви пречки за одложување, а приоритети се реформите во судството, евроатлантската интеграција, Охридскиот договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економскиот развој и отворањето нови работни места“, рекол Ахмети и истакнал дека ДУИ го почитува уставниот поредок и унитарниот карактер на земјата.

Ахмети исто така го информирал Ромео дека ДУИ ги поддржува измените на Изборниот законик за да се овозможи нормално функционирање до одржувањето на локалните избори и изборот на новата администрација.

Формирањето нова влада, настаните на 27 април во Собранието и локалните избори, биле темите на средбата на која лидерот на ДУИ воедно се заблагодарил за поддршката од италијанска страна и ги соопштил партиските ставови.