Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети: Ќе работиме на спроведување на реформи

Ахмети: Ќе работиме на спроведување на реформи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) останува ангажирана во спроведувањето на реформите и во решавањето на проблемите, како што е прашањето за името и другите отворени прашања со соседните земји, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците Едвард Кукан и Иво Вајгл.

– Храбро ќе бараме и ќе работиме во правец на споменатите реформи, не само во судството, туку и на други полиња и ќе бидеме бескомпромисни во борбата против коруцијата и организираниот криминал, како вредности кои не само што ги бара ЕУ, туку како вредности кои нè облагородуваат и нè засилуваат нас како држава. Ова останува наша определба и како што вам ви го кажувам ова, им го кажав и на европратениците, за тоа да го пренесат во структурите на Европа – рече Ахмети.

Тој додаде дека им се заблагодарил на Вајгл и на Кукан за досегашната помош и за идните ангажмани во правец на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и засилувањето на реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото.