Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети до Нимиц: ДУИ ќе направи сè за поскоро да се најде решение за спорот со Грција

Ахмети до Нимиц: ДУИ ќе направи сè за поскоро да се најде решение за спорот со Грција

Медијаторот Метју Нимиц попладнево се сретна со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Рече дека имале добар состанок. Од Ахмети добил охрабрување да ја продолжи мисијата во насока на решавање на прашањето за името, за да продолжи земјава да се движи кон евроатлантскиот пат.

Според Нимиц, Ахмети го охрабрил да продолжи со преговорите за името затоа што сметал дека спорот треба да се реши и притоа му дал, како што рече медијаторот, мудри размисли како да се направи прогрес.

Ахмети рече дека Македонија бара добро решение за проблемот, дека Албанците се дел од оваа држава, дека не биле индефирентни кон спорот и затоа таму каде што треба ќе дадат придонес.

Тој го уверувал Нимиц дека ДУИ ќе направи сè што поскоро да се најде компромисно решение за спорот.