Видео: На некои автомобили пајакот ништо не им може
Пајакот е кошмар на секој возач, а нервозата кога ќе ви го земат возилото е огромна. Некои луѓе немаат зошто да се грижат. Сопствениците на опственик на Maybach се безбедни. Луксузниот автомобил е претежок за да биде кренат.
Видеото снимено во Виена, покажува како двајцата работници од пајак службата се трудат да го кренат 2,8 тони тешкиот автомобил, кој е долг 6,16 метри. На крајот тие се откажуваат и го оставаат автомобилот во уште полоша позиција од онаа во која што беше.