Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКаде е најскап паркингот во Европа?

Каде е најскап паркингот во Европа?

Најскап европски град за паркирање е Лондон, објави европскиот портал Ubeeko, специјализиран за автомобилски сообраќај и патувања.

Во Лондон еден час паркирање во просек чини 10, 40 евра. Во првите пет градови според цената на час паркирање се и Стокхолм, Атина, Осло и Милано, каде за час паркирање во просек се плаќа од 5 до 8 евра, што ги прави овие градови скапи за туристите коишто сакаат да патуваат со автомобили.

Релативно поднослива цена за паркирање има во Амстердам, Париз, Минхен и Рим, каде што за паркирање треба да се издвои од 4,20 до 4,70 евра за еден час. Најевтино е паркирањето во средна и источна Европа бидејќи во Будимпешта тоа чини 1,60 евра за час, во Прага 1,30 евра, а во Варшава евро.

Податоците за цените за паркирањето и местата за паркирање во цела Европа може да се најдат на специјализираниот портал Parkopedia, се пишува во извештајот.