Црвените траги на месечината на Сатурн никој не може да ги објасни
НАСА доби нови слики од црвените цик-цак линии исцртани на Титус, една од најголемите месечини на Сатурн, со што се потврди нивното постоење но, се уште научниците немаат објаснување како се настанатите и дале се должат на некаква хемиски реакција или пак причината е нешто сосема неочекувано.
Помали црвени линии претходно се забележани на сателитите Европа и Дион кои се целосно смрзнати и орбитрираат околу Јупитер и Сатурн. Набљудувањето е извршено од леталото Касини и месечините се особено важни, бидејќи под нивната смрзната површина постои можност за активност на океани кои со минимални хемиски и енергетски активности ќе може да одржат микробски живот.