Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВанковска: Кога примаме евтини геополитички голови бараат да се гордееме

Ванковска: Кога примаме евтини геополитички голови бараат да се гордееме

Професорката Билјана Ванковска направи паралела помеѓу бизарната ситуација на натпреварот Шкендија-Тотенхем во рамки на квалификации за Лига Европа со домашната “одбрана” меѓу стативите.

“Демек, цел свет ни се смеел заради стативите на Градски. Си мислам, можеби затоа примаме евтини (геополитички) голови 😉 Ама за тоа бараат да се гордееме, а не да се срамиме”, напиша Ванковска на социјалните мрежи.

Инаку по реакцијата на тренерот Жозе Мурињо дека едниот гол има за 5 сантиметри пониска пречка реагираше делегатот на УЕФА и натпреварот се одржи беџ никакви пречки со корекција на димензиите.

Шкендија загуби со 3:1 на градскиот стадион во Скопје.