Коѕиас ќе има средба со државниот врв
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, соопшти денеска официјално грчкото МНР.
Коѕиас ќе има проширени разговори со неговиот колега Димитров, а потоа ќе имаат и заедничка изјава за медиумите.
– Тој потоа ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и ќе се сретне со претставници на парламентарните партии – информира грчкото МНР.