ДИК го доби на трајно користење деловниот простор
Владата на денешната седница одлучи на Државната изборна комисија да и ги даде на трајно користење просториите во кои во моментов е сместена.
„Владата денеска донесе одлука со која деловниот простор во кој сега е сместена Државната изборна комисија се дава на трајно користење на ДИК, без надоместок, и дека примопредавањето на деловниот простор од оваа одлука ќе се изврши помеѓу Министерството за финансии и Државната изборна комисија, во рок од осум дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука“, стои во соопштението.
Како што соопшти владината прес-служба, оваа одлука на владата е во согласност со акциите од Планот 3-6-9, според кои е предвидено создавање подобри услови за непречено и функционално работење на Државната изборна комисија.