Терористи минираа гасовод во источна Турција
Дел од гасоводот во окугот Агра, во источна Турција бил цел на терористички напад, јавија турски медиуми. Причината за експлозијата на магистрален гасовод во турската провинција Агри е саботажа, се вели во соопштението на министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз, пренесоа агенциите. Предизвикан бил голем пожар кој навреме е изгаснат. Преносот на гас низ системот е прекинат, се додава во извештаите на медиумите во Турција.