Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГазпром го гради долго очекуваниот гасовод Турски тек

Газпром го гради долго очекуваниот гасовод Турски тек

Алексеј Милер, извршниот директор на Газпром, откри дека стартува изградбата на мега проектот Турски тек, кој ќе стартува од турскиот дел на Црното море и ќе заврши во Италија преку Грција и Албанија, а работите на поставувањето на цевките почнаа на рускиот брег на Црно Море.

„Ја завршивме мобилизацијата на работната сила и при крај се сите подготовки на терен“ посочи Милер по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Во втората половина на оваа година ќе бидат поставени и првите цевки од новиот гасовод, а во 2019-та ќе бидат финиширани две линии на Турскиот тек. Подоцна една линија треба да биде пуштена и кон Република Македонија, како и кон северот на Европа.

Договорот беше потврден и меѓу Путин и Ердоган откако беа надминати несогласувањето околу Сирија.