Парламентарното мнозинство ќе оди на одмор откако ќе го разреши Зврлевски
Пратеникот и координатор на СДСМ од собранискиот прес-центар рече дека пратениците од парламентарното мнозинство се договориле да не ги користат годишните одмори сè додека не заврши расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Тунтев најави дека Собранието ќе расправа и за викенд со цел да се донесе ребалансот и да се премине на точката за Зврлевски.
„Ние сме на ставот да не одиме на одмор сè додека Зврлевски не биде разрешен. Конзистентни сме и ветивме дека ќе расправаме и по предлог-законот на опозицијата за менување јавен обвинител. Се очекува ребалансот на буџетот да заврши до недела, по што се очекува претседателот Талат Цафери да ги распише локалните избори“, рече Тунтев.
Тој вели дека не се точни обвинувањата оти СДСМ ќе одолжува и дека поради Законот за употреба на албанскиот јазик изборите може да не бидат распишани на 6 август.
Тој додава дека законот е усогласен и се очекува до крајот на денот да влезе во собраниска процедура.