Од Саутемптон замина во ВБА!
Џеј Родригез денес ја засили екипата на Вест Бромвич Албион, каде што тој пристигна од екипата на Саутемптон, вредноста на трансферот изнесува 13,7 милиони евра, а играчот потпиша договор за 4 години.
Родригез игра на позицијата напаѓач, тој ја започна својата кариера во Барнли, по една сезона во која тој постигна 15 гола и направи 6 асистенции во Чемпионшип се пресели во Саутемптон во 2012 година за 8.65 милиони евра. Во Саутемптон одигра 126 натпревари, постигнувајќи 35 гола и 14 асистенции. Има забележано и еден натпревар за Англиската репрезентација во 2013 година.