УНЕСКО испрати сериозни препораки за заштита на Охрид
По последниот мониторинг спроведен во Охрид, посебната експертска група на УНЕСКО го објави најновиот извештај за степенот на заштита на Охрид и езерото.
Во истата се апострофира на недоволниот степен на заштита на Охрид и езерото, кои се прогласени за подрачја од особено значење и светско наследство. Се изразува загриженост од несоодветните инфраструктурни проекти, како развојот ски-центарот Галичица и експресниот пат кој е планиран да поминува на овој дел.
Охридските екологисти со реакции по однос на извештајот. Научниот советник и раководител на одделението за краповидни риби во охридскиот Хидробиолошки завод, Д-р Трајче Талевски посочува дека извештајот на реактивната мисија на УНЕСКО нè обврзува сериозно да се замислиме за она што сме ѝ го направиле на природата до сега, но и ни дава надеж дека може да се поправат штетите.
Според Дејан Пановски, екологист и Координатор на ГЕФ Дримскиот Проект, извештајот го покажа правецот за иднината на Охридскиот регион.
Извештајот на УНЕСКО беше изготвен по мониторингот кој во периодот од 9 до 14 април беше спроведен во Охрид.