Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКолку пратеници побарале апанажа?

Колку пратеници побарале апанажа?

Триесет и девет пратеници од претходниот парламентарен состав поднеле барање за апанажа до Собранието, односно исплата на плата по завршување на мандатот, објави „Макфакс“, повикувајќи се на извори во Собранието.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата в петок на седница треба да даде зелено светло за исплата на апанажа на пратениците од минатиот парламентарен состав во износ од околу 1.000 евра.

Овие одредби произлегуваат од Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица и измените на Законот за пратеници. Законот предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеца, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.