Гризман го потврди својот престој во Атлетико Мадрид
Антоан Гризман потврди дека следната сезона сака да го носи дресот на Атлетико Мадрид и покрај големиот интерес на клубот од Олд Трафорд. Францускиот репрезентативец смета дека би било нефер да во овој момент го напушти Атлетико Мадрид, на кој Судот за спортска арбитража изрече забрана за трансфери, кој им забранува регистрација на нови играчи до јануари следната година.
“Јас одлучив да останам, ние имаме добра сезона зад нас и се надевам дека во јануари може да донесеме добри засилувања. Ова е тежок момент за клубот и моите соиграчи и ако сега си отидам тоа би бил голем удар за клубот,“ изјави Гризман кој оваа година постигна 26 гола и 12 асистенции во сите натпреварувања.