Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВарди се сели во потоплите краеви?

Варди се сели во потоплите краеви?

“Sky Sports“ објави дека постои можност напаѓачот на Лестер да ја продолжи кариерата во Шпанија. За Варди е заинтересиран Атлетико Мадрид.

Лестер оваа сезона одигра дуел со Атлетико во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, шпанскиот тим излезе како победник, но напаѓачот на “лисиците” го купи раководството на клубот и тренерот Диего Симеоне.

Џејми Варди експлодираше минатата сезона, беше најдобар стрелец на тимот кој направи сензација и ја освои титулата шампион на Англија.

Летото Арсенал “загриза“ за Варди но тој одлучи да остане во Лестер и да му помогне на тимот во настапите од Лигата на Шампионите.