Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЛиверпул го потврди првиот трансфер!

Ливерпул го потврди првиот трансфер!

Младиот напаѓач на Челзи и на младинскиот тим на Англија, Доминик Соланке преминува во редовите на Ливерпул по истекот на важечкиот договор со лондонски Челзи, потврдија денес во клубот од Енфилд.
dominic-solanke

 

Трансфер на овој талентиран напаѓач ќе го чини Ливерпул околу 3 милиони фунти, бидејќи потекнува и ги поминал сите млади категории во Челзи и тоа е минимумот што треба да го исплати Ливерпул за таков играч.

На официјалниот сајт на клубот стои следнава изјава: “Деветнаесет годишниот напаѓач ќе заврши неговиот трансфер во Ливерпул, 1 ЈУЛИ, 2017 година по истекот на договорот со сегашниот клуб, Челзи”.

Тој играше за репрезентациите на Англија од 16 години па се до младата категорија до 21. Моментално е во составот на селекцијата до 20 години кој се натпреварува на Светското првенство за играчи до 20 години во Јужна Кореја.