(Фото) Гола туристка го шета светот и прави врвни слики
Полјакинката Магдалена Восинска патува низ светот, за успомен се слика на сите места каде што има отидено и тоа гола.
Сликите ги поставува на Инстаграм, која во моментов има повеќе од 130.000 следбеници.
Идејата да слика автопортрети без облека и дошла како мала.
“Бев многу сиромашна и кога добив задача во класот да направам еден автопортрет, мислев како јас немам ништо убаво да облечам. Решив да ги соблечам моите алишта, па можам да кажам дека моите први дела ги направив пред речиси две децении “, рече Восинска.
Магдалена Восинска е родена во Катовице, во близина на Краков во Полска, во 1983 година. Таа се пресели во Америка во 1991 година, прво во Аризона, а потоа се пресели во Лос Анџелес во 2004 година.