Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПопоски во Пекинг: Ако Македонија тргне по „Патот на свилата“, ја очекуваат големи придобивки

Попоски во Пекинг: Ако Македонија тргне по „Патот на свилата“, ја очекуваат големи придобивки

Македонија е заинтересирана за кинескиот мега-проект за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток – изјави денеска Никола Попоски, министерот за надворешни работи во заминување, кој учествуваше на Форумот „Еден појас, еден пат”, кој се одржува во Пекинг.

На Форумот, на кој учествуваат голем број шефови на држави и влади, се разговараше за перспективите и за идните активности во рамките на форумот. Попоски истакна дека оваа иницијатива е одлично средство за промоција на транснационалната поврзаност, унапредување на трговската и инвестициската соработка, која, преку развојот, овозможува зајакнување на безбедноста.

Освен тоа, Попоски не заборави да ја спомене и, како што посочи, исклучително добрата соработка со НР Кина.

„Успешната реализација на досегашните проекти е најдобра гаранција и мотивација за продолжување на соработката. Во овој контекст, успешните приказни не само што треба да продолжат, туку треба да се унапредат на секој можен начин” – рече Попоски.