(Видео) Голманот луд како струја!
Во Италија на натпревар од серија Б меѓу Фрозиноне и Трапани е видена една доста неверојатна ситуација каде што главниот лик беше гостинскиот голман Мирко Пиљачели.
Осум минути пред крајот на средбата, на 1-0 за Фрозиноне, Пиљачели ја фати топката во своите раце, и без двоумење почна контранапад.
Ниту еден од неговите соиграчи не му се понуди па тој продолжи во соло акција, помина еден играч и заврши длабоко на противничкото поле , речиси во шеснаесетникот, а потоа ја предаде топката.
Сепак, тај “луд“ соло пробив на голманот за Трапани не донесе ништо, бидејќи Фрозиноне славеше со 1-0 и го остави Трапани во опасната зона.